октомври 28, 2017

Њујорк, 28. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Актуелниот НБА шампион Голден Стејт ноќеска тешко стигна до четвртата победа сезонава.

Вашингтон во третиот период во неколку наврати имаше 18 поени предност но шампионот предводен од Кевин Дјурант, кој постигна 31 поен успеа да направи пресврт и да го добие дуелот.

Минесота славеше домашна победа над фаворизираниот тим на Оклахома Сити, а Карл-Ентони Тоунс реализираше 33 поени. Хјустон предводен од Џејмс Харден, кој оствари „трипл дабл“ (прв сезонава): 27 поени, 10 скокови и 11 асистенции славеше победа на гостувањето кај Шарлот, додека Сан Антонио го „запиша“ првиот пораз на гостувањето кај Орландо.

Првата победа ноќеска ја постигна Њујорк, благодарение на серија од 25:6 против Бруклин во третиот период.

Резултати:
Шарлот – Хјустон 93:109,
Орландо – Сан Антонио 114:87,
Атланта – Денвер 100:105,
Њујорк – Бруклин 107:86,
Минесота – Оклахома Сити 119:116,
Голден Стејт – Вашингтон 120:117 и
ЛА Лејкерс – Торонто 92:101. (Крај)

извор: Алсат М фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука