Хјустон, 15. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Голден Стејт му покажаа на Хјустон кој е шаммпион во НБА, откако ги поразија „ракетите“ со 119:106 во натпреварот бр.1 од финалето на Западот и ја одземаа домашната предност на тимот од Тексас. Натпреварот бр. 2 ќе биде повторно во Хјустон во четврток наутро.
„Воините“ дејствуваа извонредно цврсто, имаа многу висока стапка на успех при шутот од игра, и го добија натпреварот со подобра игра во второто полувреме.
Кевин Дурант и Клеј Томпсон постигнаа клучни шутеви, откако завршија соодветно со 37 и 28 поени, а и Стеф Кари беше солиден, откако се истакна со 18. Вкупно Голден Стејт постигна 52,5% од своите шутеви, додека Хјустон заврши со 46%.
Џејмс Харден постигна 41 поен за домаќините, но тие не беа доволни за триумф на ракетите. (Крај)
извор: Стандард фото/видео: B92