Бостон,9. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бостон Селтикс игра во неверојатна форма оваа сезона, синоќа ја остварија и десетата победа по ред откако со 107:96 го совладаа тимот на Лос Анџелес Лејкерс.
По воведните два порази во сезоната, Бостон нареди десет победи по ред, последна жртва на Селтикс беше Лос Анџелес Лејкерс.
Бостон имаше фуриозен старт на натпреварот, првата четвртина ја доби со 33:16. Во продолжението од мечот, Лејкерс успеа да се врати само до три разлика, но на крајот загуби со 11.
Најефикасен во тимот на Бостон беше Бејнс со 21 поен, два помалку имаше Ирвинг. Во составот на Лејкерс по 18 постигнаа Кларксон и Инграм.
Резултати:
Детроит – Индијана 114:97
Орландо – Њујорк 112:99
Бостон – ЛА Лејкерс 107:96
Феникс – Мајами 115:126
Голден стејт – Минесота 125:101. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива