Лос Анџелес, 22. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Тимот на Сан Антонио Спарс влезе во криза со порази во низа. Овој пат тие го забележаа вториот пораз по ред, откако беа поразени на домашен терен од тимот на Индијана Пејсерс со резултат од 86:94.
Тимовите постојано се менуваа во водство се до моментот кога во третата четвртина, Индијана се одлепи со 12 поени и успеа да ја одржи до крајот на натпреварот.Најефикасни во тимот на Индијана беше Оладипо кој успеа да уфрли 19 поени, а имаше помош и од Колсон со 15 поени. Во тимот на поразените Спарси се издвои Гасол со скромни 14 поени.
Екипата на ЛА Лејкерс продолжува со одлично темпо и успеа да ја забележи шестатта победа во последните осум средби, овој пат против тимот на Њујорк Никс со резултат од 127:107.
Победникот се знаеше од самиот почеток на натпреварот зошто Лос Анџелес влегоа премногу сериозно и секој напад го реализираа со поени. Најефикасен во тимот на Лејкерси беше Џордан Кларксон со 29 поени и 10 скока, а имаше помош и од Рендл кој убаци 27 поени. Кај поразениот тим на Њујорк најефикасен беше Порзингис со 17 постигнати поени.
извор: Дерби фото:архива