ноември 2, 2017

Вашингтон,2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вицешампионот Кливленд загуби уште еден натпревар, четврти по ред, овој пат на свој терен беше поразен од Индијана со 124:107.Кливленд веќе четврти натпревар по ред не знае за победа, Леброн Џејмс и соиграчите овој пат настрадаа од Индијана.

Првото полувреме беше изедначено, на одморот се замина со предност на Индијана од само еден поен, 62:61. Пејсерси почнаа да се одлепуваат во третиот период, а завршниот удар го зададоа во последната четвртина која ја добија со десет поени разлика.

Леброн Џејмс имаше добра партија, постигна 33 поени, имаше 11 асистенции и шест скока, но таа не беше доволна за победа. Во составот на Индијана најефикасен беше Јанг со 26 поени, Колисон имаше кош помалку.

 Резултати:

Шарлот – Милвоки 126:121
Кливленд – Индијана 107:124
Филаделфија – Атланта 119:109
Вашингтон – Феникс 116:122
Бостон – Сакраменто 113:86
Мајами – Чикаго 97:91
Мемфис – Орландо 99:101
Њу Орлеанс – Минесота 98:104
Њујорк – Хјустон 97:119
Денвер – Торонто 129:111
Јута – Портланд 112:103
ЛА Клиперс – Далас 119:98. (Крај)

извор: МКД.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука