Торонто, 4. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа беа одиграни два натпревари од НБА лигата, во кои Кливленд и Бостон поведоа со резултат од 2:0 против Торонто и Филаделфија.
Леброн Џејмс одигра уште еден маестрален натпревар и го водеше Кливленд до втората победа во гости кај Торонто со резултат од 128:110.Најдобриот играч на светот ја заврши средбата со 42 поени, 14 асистенции и 8 скокови, а одличен беше и Кевин Лов со 31 поен и 11 скокови.Во редовите на Торонто ДеРозан беше најефикасен со 24 поени.
https://youtu.be/lo6BAFqGTJ0
Кошаркарите на Бостон направија уште едно изненадување и поведоа со 2-0 во полуфиналната серија со фаворизираната Филаделфија. Селтикси славеа со минимални 108:103, а најзаслужни за тоа беа Татум и Розер со 21, односно 20 поени. Во таборот на Филаделфија се истакнаа Редик со 23 и Ковингтон со 22 поени.
https://youtu.be/REfgJb6CM1U
извор: Кајгана фото: Б92