јули 2, 2018

Кливленд, 2. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Една од најголемите ѕвезди во НБА за изминатата деценија, Леброн Џејмс веќе има нов тим откако неговите менаџери објавија официјално дека „кралот“ ќе игра за Лос Анџелес Лејкерс, информира „ESPN“.

Договорот е за период од четири години, за кои Џејмс ќе додаде на својата банкарска сметка 153.3 милиони долари.

Пред два дена Леброн објави дека го напушта Кливленд Кавалирс, а тоа се случува втор пат во неговата кариера, откако во 2010-та година тој повторно си замина од Охајо, но тогаш замина во Мајами Хит.Самиот Леброн напиша кратка порака во социјалните мрежи, со која им се заблагодари на Кавалирс.

„Благодарам на Охајо за овие неверојатни четири сезони. Ова секогаш ќе биде мојот дом“, напишал „Кралот“. (Крај)

извор: Стандард фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука