Минесота, 12. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќешниот натпревар во НБА лигата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулфс беше да се биде или не. Целата сезона ја решаваше тој натпревар, односно кој ќе победи, ќе го освои решавачкото осмо место во Западната конференција.
Но за да биде уште поинтересно, натпреварот беше решен во продолжение, каде најмногу среќа имаше тимот на Минесота Тимбервулфс, во кој натпревар победи со конечни 112:106.
Кај победничкиот тим најефикасен беше Џими Батлер кој постигна 31 поен и по 14 години го однесе тимот во разигрувањето за НБА титулата. Минесота од 2004 година се мачеше да избори плеј-оф.
Во поразениот Денвер, најдобар поединец беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој иако беше најефикасен на натпреварот со постигнати 35 поени и 10 скокови, сепак на крајот не успеа да му донесе плеј-оф на неговиот тим.
Со завршувањето на вчерашните дуели познати се и двојките во плеј-оф разигурвањето за НБА титула.
https://youtu.be/N0e4akY9Pu4
Плеј-оф Источна конференција:
Торонто – Вашингтон
Бостон – Милвоки
Филаделфија – Мајами
Кливленд – Индијана
Плеј-оф Западна конференција:
Хјустон – Минесота
Голден Стејт – Сан Антонио
Портланд – Њу Орлеанс
Оклахома Сити – Јута. (Крај)
извор: Дерби.мк фото: архива