мај 2, 2017

Кливленд, 2.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Кливленд и Хјустон поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј офот во источната конференција.

Кливленд на домашен терен го победи Торонто со 116-105, додека Хјустон направи брејк со триумфот на теренот на Сан Антонио со 126-99.

Кавалирси предводени од Леброн Џејмс, кој постигна 35 поени стигнаа до првата победа или петта во серија сезонава во плеј офот, додека во редовите на Хјустон дури шест играчи имаа двоцифрен број поени, а тројца од нив 20 и повеќе: Ариза уфрли 23, а Капела и Харден по 20. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука