Чикаго, 6. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во НБА лигата се одиграа два натпревари, во кои Чикаго во трилер завршница ја победи Оклахома, а Портланд го декласира Далас.
https://www.youtube.com/watch?v=4GGNS92WpdU
Чикаго иако беше без тројца играчи од стартната петорка (Роуз, Батлер, Гибсон) со тројката на Мур постигната на две секунди до крајот на мечот ја победи Оклахома со 108-105.
https://www.youtube.com/watch?v=amqAcPCRiHg
Кошаркарите на Портланд убедливо го победија Далас со 95-74, но црна дамка на победата фрли повредата на Весли Метјуз, кој ја скина Ахиловата тетива и за него оваа сезона е завршена. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 6