февруари 6, 2017

Бостон, 06. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот кошаркар и легенда на Бостон Селтикс, Пол Пирс, како играч на ЛА Клиперс се врати во „ТД Гарден“ каде ги постигна најголемите успеси и стави крај на својата професионална кариера.

Пирс пред 18 години, на 5.февруари, прв пат заигра во стартната петорка на Бостон, а судбината одлучи на истиот ден да ја заврши блескавата кариера.

Пол Пирс 15 години играше за Бостон и стана легенда на клубот,тој е втор на листата на најдобри стрелци во клупската историја, а во 2008 година го оствари сонот кога ја освои единствената титула во кариерата. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука