јули 10, 2019

Вашингтон, 10. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Во НБА лигата од наредната сезона тренерите ќе можат да бараат челенџ. Ваков систем неколку години веќе постои во американскиот професионален фудбал, односно во НФЛ лигата.

Тренерите во НБА лигата ќе имаат знаменца со кои ќе ги известуваат судиите дека одредена одлука сакаат да ја проверат со прегледување на видео снимката.

Инаку, тренерите ќе добијат по еден челенџ и тој ќе се однесува на досуден фаул, аут, дали топката имала слегнувачка патека и играње со топката над обрачот.

Нвина е што од наредната сезона, студиото во Њу Џерси ќе може да им наложи на судиите да утврдат дали некој шут бил упатен по истекот на времето и да проверат дали играч кој погодил шут од далечина газел на линијата за три поени.

Целиот текст тука

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука