Хјустон, 2. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најдобрите нба играчи Џејмс Харден ќе оди на пауза и ќе биде надвор од кошаркарските терени наредните две недели.
Причината е повреда на задната ложа која ќе мора да ја лекува со мирување и посета на секојдневна медицинска терапија. Повредата, Харден ја заработи на натпреварот со ЛА Лејкерс кој се играше во две продолженија.
Ова ќе биде голем пех за тимот на Хјустон за наредните натпревари, откако Крис Пол отсуствува од терените неколку натпревари.Харден е сериозен кандидат за МВП во регуларниот дел, ако се знае дека неговиот учинок е 32 поени по натпревар. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива
Прочитано: 6