Њу Орлеанс, 5. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пеликанс ја забележаа првата победа во плејоф серијата против шампионот Голден Стејт од полуфиналето во Западната конференција на НБА.Екипата на Алвин Гентри победи дома со 109:101 во натпреварот бр.3 и така го намали заостанувањето во серијата на 1-2 во победи.
Поддржани од нивните навивачи, домаќините одиграа многу силен меч и заслужено победија.Уште кон крајот на првиот дел, Пеликанс го презеде водството во резултатот и до крајот на средбата не ја испушти предноста, која на моменти изнесуваше 26 поени.
Со главна заслуга за победата беше најголемата ѕвезда на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис, кој заврши со импресивен „дабл-дабл“ – 33 поени и 18 скока.
Одличен натпревар одигра и бекот Ражон Рондо, кој иако скромен во однос на реализирани поени (4), направи рекордни во кариерата 21 асистенции во плејоф натпревар, а освен тоа забележа и 10 скока во својата статистика. Дру Холидеј и резервата Иан Кларк додадоа 21 и 18 поени, соодветно.
За шампионите Клеј Томпсон постигна 26 поени, Кевин Дурант 22, а Стеф Кари заврши со 19 плус 6 скока, но и тоа не помогна на „воините“ да избегнат пораз.Натпреварот број 4 од серијата е повторно во Њу Орлеанс.
Во вториот натпревар од полуфиналето на Западот, шампионот на регуларната сезона, Хјустон Рокетс, ја победи Јута на категоричен начин во Солт Лејк Сити . „Ракетите“ го победија својот ривал со убедливи 113: 92 и на тој начин поведоа во серијата со 2:1 во победи.
По изненадувачкиот пораз во претходниот натпревар, синоќа играчите на Мајк Д’Антони го покажаа своето вистинско лице и целосно ги надиграа „џезерите“. Џејмс Харден и Ерик Гордон беа најпрецизни за победниците со 25 поени, а со 15 поени, 7 скока и 6 асистенции се истакна бекот Крис Пол.
Ројс О’Нил заврши како најуспешен за џезерите со 17 поени. Руди Гобер постигна 12 и зеде 9 скокови, а Донован Мичел заврши со 10 поени при слаб шут од игра 4/16.
Следниот натпревар од серијата се игра повторно во Солт Лејк Сити. (Крај)
извор: Стандард фото: архива