Подгорица, 22. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Непознато лице синоќа фрли експлозивна направа врз Амбасадата на САД во Подгорица, а потоа со бомба се самоуби пред дипломатското претставништво.
Во инцидентот не е оштетен објектот, но сепак полицијата го блокирала булеварот пред Амбасадата на САД.
– Половина час по полноќ пред објектот на амбасадата на САД, едно лице изврши самоубиствен напад. Непосредно пред самоубиството, лицето од крстосницата кај Спортскиот центар фрлило експлозивна направа во кругот на американската амбасада. Најверојатно станува збор за рачна бомба. Во тек е увид и идентификација. Обвинителот и полицијата се на лице место, напишаа од црногорската влада на Твитер. (Крај)
извор/фото: Плусинфо
Прочитано: 35