Охрид, 3. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пријатното време и благиот пораст на температурата на воздухот ги предизвика и првите капачи во Охридското Езеро, кои симболично, но и веродостојно „ја отворија“ сезоната.
На старото градско пристаниште беа забележани странски посетители, кои покажаа храброст за да влезат во водите на Охридското Езеро.
Вчера, пак официјално беше означен почетокот на сезоната со пристигнувањето на првата група холандски туристи на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Мета
Прочитано: 25