Охрид, 8. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Десет нараквици од 22-каратно злато, со вкупна маса од 276 грама и вредност од околу 650 илјади денари, се откриени при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Истанбул-Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин „Богородица“.
– Непријавените златни нараквици биле пронајдени завиткани во чорап, сместени во рачна чанта на австралиска државјанка со македонско потекло, која патувала со автобусот. Истите се привремено задржани, а против патничката ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од Царинската управа на Република Македонија. (Крај)
извор: Царинска управа на РМ фото: Царинска управа на РМ
Прочитано: 41