Охрид, 5. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското езеро е блиску до просекот за овој месец.
По обилните врнежи од дожд што викендов го зафатија охридскиот регион, според последните мерења од УХМР, езерската вода е на котата од 693,35 метри надморска височина, односно 18 сантиметри над нултата кота (693,17). Со оглед на тоа што просекот за овој месец е 693,41 метри надморска височина, значи водостојот е во рамки на очекуваното.
Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 6,5 степени.
Кога сме кај водостојот на реките, врнежите го покачија водостојот на Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 46