Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Никола Илиевски – Џиџи поднесе оставка од функцијата тренер на ГФК Охрид Лихнидос.
– После натпреварот против екипата на Башкими доскорашниот тренер Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка која што беше прифатена од раководството на ГФК Охрид. Му се заблагодаруваме за напорната работа и досегашната соработка, среќно во понатамошната кариера, стои во информацијата од клубот.
Поранешниот селектор на македонската репрезентација Никола Илиевски го презеде кормилото на клубот кон средината на јуни оваа година, а дојде на местото на Александар Толески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32