Охрид, 3. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ниски кабли на две локации во централното подрачје се потенцијална опасност за пешаците и велосипедистите кои се движат во овој дел на градот.
Првиот е кај шанкот „Жиголо“ на Градскиот кеј, а вториот во паркот кај „Мазија“ и поминува преку пешачката и велосипедска патека. Совесен граѓанин на ова место, на кабелот врзал парче најлон за да биде повеќе видлив.
Во двата случаи станува збор за напонски кабли, што ги прави уште поопасни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 27