Ница, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Француските медиуми јавуваат дека нема ништо од понудата на Ница за фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мемфис Депај.
Холанѓанецот е еден од играчите кои со сигурност ќе го напуштат клубот во овој зимски преоден рок,тој нема голема минутажа во дресот на „ѓаволите“ , а за неговите услуги се интересираше Ница.
До трансфер на Депај во Франција нема да дојде, поради финансиските проблеми.Од францускиот клуб соопштуваат дека ситуацијата се икомпликувала поради финансиите, и дека Манчестер јунајтед кој платил многу за негов трансфер не сака да го продаде за ’ситно’. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 8