Монако, 25. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новак Ѓоковиќ кој се рехабилитира од повредата на лактот, на тениските терени ќе се врати на Мастерс турнирот во Монте Карло.
Српскиот тенисер поради повреда на лактот го пропушта Мастерсот во Мајами, но ќе биде подготвен за турнирот во „малото кнежевство“.Ѓоковиќ е двократен победник на турнирот во Монте Карло, а оваа сезона тој ќе брани само 10 поени бидејќи лани испадна во второто коло од Јиржи Весели.
Турнирот во Монте Карло на програмата е од 15. до 23.април. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22