Монако, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вториот рекет во светот и освојувач на 12 грен-слем титули Новак Ѓоковиќ најави дека ќе се врати на теренот во текот на следната недела на АТП турнирот во Акапулко од серијата 500.
Србинот на турнирот ќе настапи со вајлд карта, а на овој настан ќе учествуваат и Рафаел Надал како и тенисерот број 4 во светот,Милош Раониќ.
29-годишниот Ѓоковиќ не настапи на турнирот во Ротердам минатата недела, откако на дуелот со Русија за „Дејвис купот” се жалеше на болки во рамото. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18