Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 29 април, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува нова епизода од театарската импровизација „Импровокација“.
Шоуто кое стана доста популарно, повторно пред охридската публика ќе понуди избор на нови скечеви. Ова ќе биде 6 та епизода од новата сезона на „Импровокација“.
Билетите можат да се набават во Музичка продавница „Зи Зи Топ“ по ексклузивна цена од 150 денари или 200 денари на денот на изведбата.
Ќе учествуваат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Филип Ангеличин Жура. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 50