Скопје, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нова средба на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на ОН Метју Нимиц ќе се одржи на 25-ти април во Виена, јавија грчки медиуми.
Се уште нема официјална потврда или демант за средбата. Медиумите објавуваат дека многу веројатно е новите разговори да се однесуваат на временскиот период за решавање на спорот за името.
Коѕијас за време на посетата на Охрид истакна дека со Димитров ќе оствари средба на 3 и 4 мај во Солун, како и една недела подоцна во Сунио, кое се наоѓа на 70 километри од Атина и каде се одржува конференција за иднината на Европа. (Крај)
извор: Р.С Европа фото: архива