Охрид, 3. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнаа градежните активности за поставување нова фекална канализација на улица „Даме Груев“, на потегот кај старото кино.
– Вредноста на проектот е 900.000 денари и е дел од годишната програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид. Изведувач на градежните активности е фирмата „Бокоп“ од Струга и истите се очекува да завршат за десеттина дена, информираат од охридската локална самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24