Скопје, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Објавена нова, четврта по ред, листа на должници за 2017 година на Управата за јавни приходи.
Се работи за долгови доспеани до 31 декемри 2016 година и неплатени до 31 март оваа година.
Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Меѓу должниците има голем број фирми со различни дејности од цела држава, а некои од нив биле дел и од претходните листи.
Според “црната” листа, меѓу поголемите должници е МРТВ чија обврска за плаќање е околу 1.4 милиони евра.
Листата на должници е објавена на веб страницата на УЈП согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување или Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа, за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз. (Крај)
извор: Охридпрес фото: архива