Охрид, 1. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се одржи конститутивната седница на новиот состав на градскиот совет во Охрид.
На Дневен ред на седницата ќе има само две точки – избор на Комисија за верификација, избори и именувања и верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Охрид.
На локалните избори кои се одржаа на 15-ти октомври СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“ освоија 11 советнички места, 10 освои ВМРО-ДПМНЕ, додека Коалицијата „Заедно за Охрид“ предводена од ДУИ, движењето БЕСА и Алијансата на Албанците освои двајца советици. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 12