Охрид, 10. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полиците во НУ Библиотека “Григор Прличев“ Охрид повторно се збогатени со уште неколку нови наслови.
Љубителите на пишаниот збор може да ги најдат: „На дното и отфрлен во Париз и Лондон” од Џорџ Орвел, „Грациела” од Алфонс де Ламартин, „Еднаш одигравме љубов” од Елена Конеска, „Смртта на еден среќен човек” од Џорџо Фонтана, „Заслепување” и „Заслепување 2” од Мирчеа Картареску, „Reply” од Бенјамин Штајн, „Фердидурке” од Витолд Гомбрович, „Избор или изгор” од Јусуф Сулејман, „Многу малку светлина” од Владан Матијевиќ, „Мемоарите на една млечка” од Блаже Миневски и „Коработ” од Здравка Евтимова, информираат од охридската библиотека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 5