Скопје, 4. март 2014 (ОХРИДПРЕС) – Од петстотини до илјада денари поскапеле цените за верските обреди, како крштевка, венчавка и погреб, што ги извршуваат свештениците на Македонската православна црква-ОА.
Оваа одлука владиците ја донеле во почетокот на минатиот месец, а во некои епархии таа веќе почнала да се спроведува. Покачувањето, како што велат од МПЦ, било од економски причини.
Нови цени за верски обреди:
– крштевка 4.000 денари
– венчавка со еден свештеник 6.000 денари
– венчавка со тројца свештеници 7.000 денари
– погреб 3.000 денари (Крај)
извор: Нова ТВ фото: архива
Прочитано: 3