февруари 25, 2018

Скопје, 25. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Апелацискиот суд Скопје им го продолжи притворот на 13 лица, меѓу кои на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василевски за насилствата во Собранието на 27-ми април минатата година.

Ова е трето продолжување на притворот од 30 дена, откако минатата недела истиот овој суд им ги одби жалбите. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука