јули 18, 2019

Марбеља, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ после освојувањето на шампионската титула на Вимблдон со семејството замина на заслужен одмор, но сепак не онаму, каде што се надеваше македонската јавност.

Српскиот тенисер се реши заслужениот летен одмор да го помине на една ексклузивна и топла дестинација – Шпанија. Ѓоковиќ заедно со своето семејство, сопругата Јелена и децата Стефан и Тара од Лондон право замина за Марбеља, јави порталот спортклуб.мк.

Некои можеби се понадеваа дека Ноле ќе ја посети нашата држава и Охрид по поканата од премиерот и охриѓани. Тој најави дека ќе дојде, но не се знае кога. (Крај)

извор: спортклуб.мк фото: спортклуб.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука