јануари 8, 2018

Охрид, 8. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и охриѓани покажаат дека можат и дека се подготвени за големи настани. Црногорската супер ѕвезда Сергеј Четковиќ синоќа на преполниот плоштад во Охрид одржа спектакуларен концерт, кој долго ќе се памети.

Истиот беше круна на Божиќниот викенд во Охрид и е дел од настаните предвидени во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

sergejohrid2Ладното време не беше никаква пречка за посетителите кои на почетокот уживаа во музиката на Ѓоко Танески и неговиот бенд, по што на сцената се качи Четковиќ кој имаше професионален настап и оствари одлична комуникација со публиката. Тој ги исполни во живо неговите најголеми хитови „Погледи у тами“, „Пола мога свијета“, „Ако те није“ и многу други на задоволство на посетителите. Концертот кој беше заокружен со настапот на Dj Regie Rules помина во најдобар ред и е настан кој долго ќе се памети.

sergejohrid3 sergejohrid4Вечерва на малата сцена гостите и охриѓани ќе ги забавуваат нашите Жармена и Китроз кои ќе се претстават со посебно подготвена програма.

sergejohrid5 sergejohrid6Од остатокот на програмата ги имаме и новогодишната театарска претстава – ПХВ Шоу (Промоција на хумани вредности Шоу) од Клубот на млади при ООЦК Охрид, Трката на келнерите, за најмладите деновите посветени на вкусните пици и палачинките, Изложбата на отворено на најубави фотографии од Охрид, промоцијата на книгата „Охрид во 10“, Фестивалот на графити и модерна уметност… Од музичката програма тука се настапите на нашите Камелеон, Бекдор бенд, Жармена и Китроз, Денис Мурат и Бетис Бубс, а од поголемите настани, на 13-ти, за Стара Нова година ќе уживаме во музиката на Љубојна, а на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици ќе настапат Фолтин, со што ќе биде крунисана целата манифестација.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес видео: МЕГА Продукција

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука