Охрид, 29. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кој попладне и во вечерните часови можно е краткотрајно да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи.
Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер.
Температурата ќе достигне 21 степен.
Утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата за 4 до 5 степени. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 31