Охрид, 17. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните делови.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 12. степени.
– Повремено засилен северен ветер ќе дува и преку ноќта и во текот на денешниот ден и ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на темпераатурите, а потоа од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на високите планини на север, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео
Прочитано: 24