февруари 16, 2023

Охрид, 16. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Објавена е снимка од последниот настап на Avicii пред неговата смрт.

Видеото го прикажува покојниот продуцент на сцената во Ushuaïia на Ibiza на 28-ми август 2016 година, како ја изведува својата песна „Addicted To You“ од неговиот албум „True“ од 2013 година. По овој настап, Avicii најави дека се повлекува од турнеите и од настапите во живо. Пред тоа, тој имаше околу 220 диџејски сетови низ светот во периодот помеѓу 1 јануари 2011 и 1 јануари 2016 година.

Споделено на официјалниот канал на Avicii на YouTube, видеото е насловено: „Во спомен на Tim „Avicii“ Bergling (1989-2018)“. Коментарите на видеото го нарекуваат Avicii „гениј“ и „легенда“. Минатата година на страницата на YouTube беше споделен уште еден клип од истиот настап како ја изведува „Levels“.

Шведскиот продуцент и диџеј си го одзеде животот во април 2018 година, на 28-годишна возраст, додека беше на одмор во Oman. Пред неговата смрт, Avicii отворено зборуваше за тоа како турнеите сериозно влијаеле на неговото ментално здравје.

Во продолжение погледнете го видеото од неговиот последен настап.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука