Даблин, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Одредени намирници може да помогнат забите да останат бели.
Консумирањето на овошје и зеленчук како јаболкo, зелен грав, морков и целер, има дејство слично на четката за заби. Исто така, овие намирници продуцираат и зголемено лачење на плунка која ја неутрализира киселината и ги штити забите.
Млечните производи, посебно оние кои се богати со калциум, исто така може да им помогнат забите да останат бели.
Храната и производите кои се штетни за забите и од кои настануваат дамки, треба да се избегнуваат или да се ограничи нивното консумирање. Треба да се избегнува и никотинот, сојата, засладените безалкохолни пијалоци, црвеното и белото вино, боровницата и цвеклото. (Крај)
извор: ОхридПрес/BBC фото: архива
Прочитано: 3