Скопје/Охрид, 6. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, утре, на Денот на високото образование, во Скопје ќе го одбежи јубилејот на програмата Еразмус+, односно 30 годишнината од постоењето на Еразмус програмата.
Оваа година се одбележува 30-годишнината од започнувањето на програмата за образование и млади, Еразмус, која има за цел да се подобри квалитетот на европските универзитети, зголемување на вештините на младите за полесно вработување, како и обезбедување културна интеракција.
Во Охрид Еразмус Плус програмата се спроведува преку Факултетот за Туризам и угостителство – Охрид, каде секоја година се одржуваат промотивни средби.
Студентите кои студираат на ФТУ Охрид преку оваа програма имаат можност за учење и работа во странство, студентска размена и други поволности.
Еразмус+ координатор за ФТУ – Охрид е Проф. Д-р Ирина Петровска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива