март 10, 2018

Охрид, 10. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид уште еднаш докажа дека е жеден за добра музика и забава. Каролина Гочева синоќа одржа одличен концерт за пребирливата охридска публика.karolinaohrid2karolinaohrid3

Песните од новиот албум „Извор“ илјадната публика во Спортската сала „Билјанини извори“ ги пееше во еден глас со Гочева и нејзиниот одличен пратечки бенд составен од 10 фантастични музичари. Никола Мицевски е комплетен автор на сите десет нови песни, а стиховите за девет од нив ги напиша Весна Малинова.

karolinaohrid4karolinaohrid6Во вториот дел од концертот Каролина се претстави и со неколку нумери од албумите „Македонско девојче“ 1 и 2, кои исто така беа одлично прифатени од публиката.

karolinaohrid5Концертот беше во организација на FEEL Продукција и беше официјална охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Мега Продукција/ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука