Охрид, 5. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските стрелци одлично ја стартуваа новата натпреварувачка сезона.
Викендов на стрелиштето во Велес, се одржа Првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – национална програма.
Прво место во категорија на пионерки освои Марија Ванѓеловска со извонредно висок резултат од 177 кругови, оставајќи ја зад себе второпласираната долгогодишна првенка од Прилеп, Ирина Јованоска со цели 12 кругови.
И во екипен пласман прво место освоија пионерките од СК „Охрид“.
И стрелците од ЖСК „Лихнидос“ се запишаа на листата на победниците, но овојпат мораа да се задоволат со третата позиција и во поединечен и во екипен пласман.
И покрај сите напори на клубот, во Календарот на натпревари за 2018 година на охридското стрелиште повторно нема натпревар, иако е едно од најдобро опремените стрелишта во Македонија кое ги исполнува сите услови за одржување на натпревари согласно Правилата на Македонската спортска стрелачка федерација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива