мај 1, 2018

Охрид, 1. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Првомајскиот, за многумина продолжен викенд, Охрид, најголемиот туристички центар во Република Македонија го остава зад себе со одлична исполнетост со гости од земјата и странство.

Градот и денес беше солидно исполнет со гости, од кои најбројни се гостите од Албанија, Романија, Србија, Словенија, Косово и Грција, но не помал е бројот и на посетители од Турција и Јапонија. Терасите и денес беа полни со гости, а солидна беше и исполнетоста на рестораните и останатите угостителски објекти.

Многумина, традиционално, го искористија празникот за скара со пријателите во некое од излетничките места околу Охрид. Се бараше место повеќе во Скребатно, Св. Наум, а слободните плажи на брегот на езерото беа исполнети со гости, кои уживаа во убавото време.

Првомајскиот викенд е одлична најава за туристичката сезона која е пред нас, а која доколку се исполнат најавите на одговорните, ќе биде една од најуспешните до сега. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука