Струга, 17. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во струшкото село Биџево, од багажник во патничко моторно возило, во сопственост на 66-годишниот Е. М., непознат сторител одзел пет пиштоли и еден револвер.
Оружјето било сместено во торба. Сопственикот на оружјето, возилото и куќата е лицето Е.М., кој пред седум дена заминал во Швајцарија.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од криминалната полиција од Струга. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 20