Скопје, 11. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Државната компанија ЕЛЕМ од средината на март до крајот на април ќе увезува струја по цена од 36,4 евра по мегават час што е пониска од производната која изнесува 41 евро.
Тоа значи дека за набавка на бараните 32.710 мегават часови струја ќе бидат потрошени околу 2 милиони евра.
– Со оваа набавка, се додава ќе се создадат предуслови АД ЕЛЕМ да ги продава вишоците на произведената електрична енергија и да додаде вредност на сопствениот производ во периоди кога берзанската цена ќе биде повисока, велат од компанијата. (Крај)
извор: А1 он фото: архива
Прочитано: 26