Скопје/Охрид, 28. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од утре ќе започне исплатата на септемвриските пензии.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник);
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).
Со септемвриската пензија, пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 6,8 %. Зголемувањето е направено согласно новата методологија одобрена во март годинава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31