Охрид, 7. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 2 јуни почнуваат чартер летовите од Полска до Охрид, а се очекува да се отвораат и нови авио линии.
Инаку, според податоците на ТАВ Македонија, зголемен е бројот на патници на охридскиот аеродром, а оваа година се очекува дополнителен пораст од 20%. Во 2010 на аеродромот биле превземени 36 000 патници, а лани бројот пораснал на 145 илјади.
Оваа сезона се очекуваат 183 летови од Амстердам, односно околу 30 000 холанѓани да летуваат на брегот на Охридското езеро. Дополнително 2000 патници од Брисел, 2300 од Белград и 2600 од Тел Авив. Но и туристи од Англија и Полска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33