ООУ „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник
декември 7, 2024

Охрид, 7. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на одбележување на патрониот празник на Охрид со богата свечена програма учениците и наставниот кадар од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во НУЦК „Григор Прличев“ го одбележаа својот патрон.

Свеченоста започна со националната и химната посветена на заштитникот, по што беше изведена „Песна за Охрид“, а третооделенците настапија со „Лебедово Езеро“.

Петтооделенците ја одржаа Охридската визита, а учениците од петто, седмо и деветто оделение ја изиграа претставата, „Денот бел ни беше сон“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука