Охрид, 10. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави конкурс за доделување 20 стипендии на редовни студенти запишани на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2017/2018 година.
Едната половина ќе бидат наменети за редовни студенти од I, II,III,IV,V и VI година од општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји, а другата за редовни студенти од I,II,III,IV,V и VI година од општина Охрид кои студираат на државните универзитети во Република Македонија, и живеат во потешки социјални услови.
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000 денари месечно за девет месеци во текот на оваа учебна година.
Студентите имаат рок од 15 дена документите да ги достават на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување студентски стипендии“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива