Охрид, 26. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Откако нашата сограѓанка Емилија Матеска, вчера преку социјалните мрежи реагираше на, според неа, „дивоградбата на улицата Стив Наумов број 51 во Охрид“, надлежните служби при Општина Охрид направија увид на лице место за да се утврди дали постапката е легална и дали инвеститорот и изведувачот ги имаат потребните документи за изградба на објектот лоциран во Петта Урбана Единица, информираат од Општина Охрид.
– Во текот на денешниот ден беше испратена екипа составена од полициска екипа и градежна инспекција и беше ИТНО дадена наредба за стопирање со градежните активности. Воедно, и благодариме за дојавата на г-ѓа Матеска и ја охрабруваме неа, но и сите граѓани на Општина Охрид да не информирате за сите вакви и слични проблеми со кои се сретнуваат, а за кои имаат валидни докази дека се пречекорени овластувањата и законски пропишаните норми, информираат од општината.
Додаваат дека за полесна комуникација, во иднина граѓаните можат да го користат официјалниот маил на Општина Охрид odnosisojavnost@ohrid.gov.mk.
извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид