Охрид, 17. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, денес ја посети опожарената куќа на Роберт Николоски, каде се во тек активностите за расчистување.
Градоначалникот Стојаноски, најави дека во соработка со ЈП „Охридски комуналец“ ќе сторат се што е во нивна можност, додека трае расчистувањето, Роберт да добие привремено пристојно живеалиште. Дополнително, во соработка со Црвениот крст од Охрид, ќе му бидат обезбедени намирници за исхрана и одржување на хигиена.
По посетата, градоначалникот упати апел до сите Охриѓани во рамките на своите можности да помогнат во обновувањето на опожарениот дом на Роберт Николоски. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид
Прочитано: 3