Охрид, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, во Охрид ќе биде организирана изложба на жени сликарки.
Изложбата на која ќе бидат претставени дела изработени во различни ликовни техники ќе се организира во Центарот за култура „Григор Прличев“, на 7-ми март со почеток во 18:00 часот.
Организатор на оваа уметничка поставка е Женскиот центар „Бисера“ кој годинава одбележа 20 години од своето постоење, но и исто толку година ја организира и изложбата на жените сликарки од Охрид по повод Меѓународниот ден на жената. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 8